https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2548019765458053&set=t.100044513136184&type=3

13.03.2023 Скопје

Британскиот министер за финансии Џереми Хант денеска изјави дека помошта на доверителите на ХСВБЦ на британската филијала на американската банка во Силиконската долина, СВБ, е неопходна со цел да се заштитат најважните технолошки компании во земјата.

Хант нагласи дека се соочени со ситуација во која некои од најважните компании би биле збришани, а тоа би било многу опасно.

На новинарско прашање за улогата на ХСБЦ во спасувањето на британската филијала на СВБ, Хант одговори дека Министерството за финансии е неутрално во изнаоѓањето решение и дека приоритет е да се избегне користењето на парите на даночните обврзници.

Министерот Хант повтори дека ситуацијата со британската филијала на СВБ не претставува опасност за британскиот финансиски систем.

Американската банкарска регулаторна агенција ја затвори кон крајот на минатата недела СВБ, која е главен доверител на компаниите за информатичка технологија во САД од 1980-тите.

Аналитичарите велат дека колапсот на СВБ ги зголемува стравувањата дека и некои други банки би можеле да се соочат со слична судбина поради високата инфлација и зголемените каматни стапки.

СВБ беше специјализирана за финансирање на компании за информатичка технологија и стана 16-та банка според средствата. На крајот на минатата година имаше 209 милијарди долари средства и околу 175,4 милијарди долари депозити.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author