01.03.2023 Скопје
Антониот Гутереш, генералниот секретар на ОН, денеска официјално ја почнува својата прва посета на Ирак во последните шест години, а со неа сака да покаже „солидарност“ по долгогодишната политичка криза во земјата.
Гутереш изјави дека сака да покаже солидарност со народот и демократските институции на Ирак и солидарност што значи дека Обединетите нации целосно ја поддржуваат консолидацијата на институциите во оваа земја. Воедно, додаде дека сè уште сака да го изрази своето „верување дека Ирачаните, преку отворен и инклузивен дијалог, ќе можат да ги надминат тешкотиите и предизвиците со кои се уште се соочуваат“.
Генералниот секретар на ОН вчеравечер слета во Багдад, а денеска треба да се сретне со премиерот Мухамед Шија Ал Судани, како и со претставници на Групата за права на жените и младите.
Подготвено од А.Ѓ.