https://www.facebook.com/photo.php?fbid=787871752695941&set=pb.100044193711021.-2207520000.&type=3

27.03.2023 Скопје

Претседателот на ДПС и претседателски кандидат на партијата на изборите, Мило Ѓукановиќ, изјави дека на овие избори се одлучува дали Црна Гора ќе биде „провинција на голема Србија“, или ќе го продолжи патот по кој тргна, понатаму да се развива како организирана европска држава.

Ѓукановиќ истакна дека сите го виделе ефектот од владата во која во 2021 година работел неговиот противкандидат во вториот круг од претседателските избори од движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, а тоа е дека Црна Гора не само што била запрена на патот кон ЕУ, туку дека меѓу Подгорица и Европската унија е ископана огромна бездна.

Милатовиќ е противкандидат на Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора закажан за 2 април, откако од вкупно седум кандидати двајцата освоија најголем број гласови во првиот круг на 19 март.

Подготвено од М.Н.

About Author