31.03.2023 Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, достави предлог до Советот за набавка на нови еко-возила на хибриден или електричен погон за граѓани и такси превозници со кои Градот ќе субвенционира до 200.000 денари.
Советниците треба да гласаат за оваа одлука за набавка на нови еко-возила за хибриден или електричен погон за граѓани и за такси превозници.
Ова е пилот проект кој за првпат се имплементира во Република Северна Македонија и со кој градот Скопје ќе субвенционира 200.000 денари по возило.
„На овој начин ќе се придонесе за дополнително намалување за аерозагадувањето во сегментот на испусни гасови во атмосферата а ќе го поттикне и јавниот такси превоз“, истакна Данела Арсовска.
Арсовска побарала од советниците и поддршка за набавка на нови екоавтобуси кои ќе ги заменат старите и дотраени автобуси.
Подготвено од М.Н.