23.02.2023 Скопје
По бурните реакции на јавноста кои беа предизвикани од пораката напишана преку социјалната мрежа Фејсбук од профилот на градоначалникот на Тетово Биљал Касами напишана само на албански јазик (Mirë se erdhët në kryeqendrën shqiptare në Maqedoninë e Veriut) чиј автоматски превод на мрежата е: Добродојдовте во главниот град на Албанците во Република Северна Македонија, објавена по повод приемот на дваесетина градоначалници Албанци од регионот.
Од Општина Тетово испратија дополнителен став со кој градоначалникот Касами обвинува за злоупотреба на неговата порака.
„Не се работи за никаков „главен град“, туку за „центар“ на Албанците во Република Северна Македонија. Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме. Тоа е реалноста, а тие што сакаат да ја злоупотребат, се обидуваат да и дадат друга насока“, изјави Биљал Касами.
Подготвено од М.Н.