https://www.flickr.com/photos/80038275@N00/29741491182/in/photolist-Mj9V9J-Mj9Udq-QDg19E-W2qwhY-Rjaeqo-2g2VLXS-Rgfcri-CTAWey-2ggvjdQ-2k3FQxw-REMvuM-N6vomm-QQ7gpJ-N6vouC-QQ7gyS-2ggv7Q2-RkZzjS-2kaFmZR-QtdsTC-2biTaDo-2cYLTpi-R8swU7-2ksGY9V-2d8g2vD-2cSN5A1-2ksM4s6-2ew2ByX-XFNqQW-2auWoSw-Mj9TcY-2cgGJvy-2cafboA-2aaDzD3-2bZ4Kor-2dqMN56-R8LPAC-2bnhqLg-2ePzzBz-NQvjVD-2ew2BJr-2eJXAGC-PvmxBz-2a6WT1D-2ePzvki-2ePzv2H-2cSN5Y5-2ePzvai-RaW8Mh-2cSN65h-24Cog6M

31.03.2023 Скопје

Големата порота на Менхетен синоќа покрена обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп за исплата на кампањски средства на порно актерката Сторми Дениелс за да премолчи дека имала односи со него.

Трамп за некои медиуми потврди дека во вторник идната недела добороволно ќе се предаде во полициската станица во Менхетн.

Според процедурата тој треба да биде задржан, да му бидат одземени отпечатоци и да се слика за полициско фото како и сите уапсени. Потоа, со лисици на рацете треба да се појави пред судија и да се изјасни дали чувствува вина или не.

Сепак, случајот е уникатен, бидејќи како експретседател, Трамп ќе дојде во придружба на тајната служба, па не се знае дали ќе му бидат ставени лисици.

Се уште не се објавени детали од обвинението покренато по повеќемесечна истрага на Окружниот обвинител на Менхетн, демократот Елвин Брег. Набљудувачите сметаат дека ова може да влијае врз плановите на Трамп да се кандидира за претседател.

Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, во 2019 година сведочеше пред Конгресот дека добил задача од Трамп да исплати средства земени од кампањската каса за молчењето на Дениелс и на уште една жена, Карен Мекдугал. Тоа се случувало неколку денови пред претседателските избори во 2016 година, кога Трамп извојува победа над противкандидатот, демократката Хилари Клинтон.

Подготвено од М.Н.

About Author