zapleneta droga na vlez vo drzavata

31.03.2023 Скопје

Норвешката полиција заплени околу 820 килограми кокаин во Осло, што е најголемата заплена на оваа дрога досега во земјата, соопшти полицијата.

Полицијата во Осло и Царинската агенција одржаа конференција по оваа историска заплена на дрога.

Началникот на секторот во Царинската агенција Тим Гурик и началникот на Заедничката единица за разузнавање и истрага на полицискиот округ во Осло Грете, Лијен Метлид, на прес-конференцијата истакнаа дека пронајдената количина на дрога е двојно поголема од онаа што ја имаат запленето во изминатите пет години.

„Ова е очигледно организиран и тежок криминал. Не сакаме да потенцираме каде во градот е извршена заплената, но важно е да се каже дека никој не е уапсен. Со големи напори ја истражуваме работата и се уште ги бараме одговорните за овој чин“, нагласи Матлид, посочувајќи дека нема сомнеж дека толку голема пратка е поврзана со организиран криминал.

Подготвено од М.Н.

About Author