https://www.facebook.com/photo.php?fbid=584833733007745&set=pb.100044433699529.-2207520000..&type=3

30.03.2023 Скопје

Горниот дом на Соединетите Американски Држави со 68 гласа „за“ донесе одлука за прекин на вонредната состојба поради коронавирусот, што значи дека најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ нема повеќе пречки да учествува на УС Опен.

Засега српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од крајот на вонредната состојба го дели само потписот на претседателот на САД, Џо Бајден.

Тоа значи дека Ѓоковиќ би можел да игра на „УС Опен“ од 28 август до 10 септември, но и дека би можел да игра на Мастерсот во Синсинати.

Претходно беше најавено дека сите забрани официјално ќе паднат на 11 мај, што значи дека вратата на Ѓоковиќ во САД ќе биде отворена за првпат од 2021 година.

Подготвено од М.Н.

About Author