20.03.2023 Скопје
Во потрага по нови трендови, светот на дизајнот на ентериер често посегнува по културите на различни земји, а инспирацијата често се наоѓа во некои уметнички правци.
И додека класичниот минималистички стил преовладуваше со години, ние полека бараме стил кој е едноставен, практичен и ја одразува нашата личност. Ако сакате едноставност и функционалност, можеби ќе најдете инспирација во дизајнот на Баухаус.
Баухаус беше германско училиште за дизајн што работеше од 1919 до 1933 година. Се карактеризира со минималистичка естетика, едноставност, чисти линии, функционалност и употреба на индустриски материјали и техники.
Во ентериерите, акцентот е ставен на функционалноста и едноставноста, давајќи предност на материјали како што се челик, стакло и бетон. За да создадете чувство на удобност во домот, комбинирајте ги овие материјали со дрво, кое ќе му даде топлина на просторот и ќе го направи одлично место за одмор и уживање.
Она што е навистина специфично за овој распоред се геометриските форми. Без разлика дали се работи за софи и маси во необични форми или уметнички дела, геометриските форми се нешто што на вашиот простор ќе му даде допир на едноставност – на овој начин се создава синтеза на автономна уметност и дизајн на корисни предмети.
Имено, на објектот не му е потребна дополнителна декорација бидејќи е веќе сам по себе убав, односно важно е да се обликува на вистински начин – што е и мисла водилка на Баухаус школата. Одлучете се за тркалезен тросед или фотографии кои ја истакнуваат сета убавина на геометриските форми како квадрати, правоаголници и кругови.
За да се постигне посакуваниот изглед и чувство на просторот, важно е да се земат предвид ефектите што ги имаат боите врз расположението и емоционалната состојба и да се изберат оние кои најдобро одговараат на стилот, целта и саканиот ефект на декорацијата. Основните бои во внатрешната декорација се црвената, сината и жолтата, а со комбинирање на овие три бои може да се создадат многу други нијанси.
Кога станува збор за внатрешна декорација, земете во предвид што сакате да постигнете со изборот на боја. На пример, црвената боја може да биде стимулирачка и подигната, но премногу црвена може да предизвика напнатост и стрес. Од друга страна, сината боја може да биде смирувачка и релаксирачка, но премногу сина може да направи да се чувствувате ладно. Затоа, внимателно и дозирано изберете кои бои и колку да декорирате одредена просторија.
Подготвено од А.Ѓ.