baerbok i shulce 1

02.03.2023 Скопје

Германската влада објави нов план за распределба на повеќе средства за развој за поддршка на правата на жените, родовата еднаквост и зголемување на женското учество во надворешната политика.

Германската влада објави список со нови директиви за нејзината дипломатска и развојна политика да инвестира повеќе во родовата еднаквост.

Според новите насоки, изнесени од министерката за надворешни работи Аналена Баербок и германската министерка за развој Свења Шулце, Берлин ќе лобира да им даде приоритет на грижите на жените ширум светот.

Шулце ги пофали придобивките од промовирањето на таканаречената „феминистичка надворешна политика“, велејќи дека поеднакви општества помалку страдаат од глад и сиромаштија и се постабилни.

Берлин се обидува да инвестира 12 милијарди евра од германските развојни фондови во проекти кои се справуваат со родовата нееднаквост, според упатствата на Министерството за надворешни работи и за развој.

Дополнително, се работи на создавање нова улога на „амбасадор за феминистичка надворешна политика“.

Баербок, првата жена министер за надворешни работи на Германија, во воведот на упатствата долги 88 страници истакна дека ќе работат напорно за да и дадат на нивната странска служба повеќе женски лик и „да го зголемиме процентот на жени на високи улоги“.

Министерството за развој соопшти дека најмалку 8 отсто од средствата за развој на Германија ќе бидат наменети за проекти со родова еднаквост како нивна главна цел, додека 85 отсто мора да ја имаат како секундарна цел.

Владата рече дека Берлин, исто така, ќе се погрижи жените да учествуваат во мировните процеси, велејќи дека е докажано дека вклучувањето на жените во таквите договори ги зголемува шансите за траен мир.

Извештајот, исто така, истакна дека Германија веќе ја поддржува Африканската унија во воспоставувањето мрежа на жени посредници, како дел од членството на Берлин во комисијата што го надгледува Фондот на ОН за градење мир и други иницијативи.

Во извештајот се наведува и дека Германија ќе се обиде да обезбеди европската надворешна политика повеќе да се фокусира на грижите на жените.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author