poseta germanija carls treti i kamila

29.03.2023 Скопје

Берлин денеска ќе го пречека британскиот крал Чарлс Трети со највисоки почести заедно со неговата сопруга Камила, што ќе биде нивна прва посета во странство откако кралот дојде на тронот.

Кралската двојка требаше да ја посети Франција пред Германија, но посетата беше откажана поради немирите поврзани со протестите против пензиските реформи во таа земја.

Полициските сили во голем број ќе бидат присутни во Берлин, каде Чарлс и Камила ќе престојуваат два дена, од каде во петок ќе се упатат кон Хамбург, последната етапа од нивната посета, ќе бидат мобилизирани дури 1.100 полицајци, а ќе дојде и засилување од други федерални земји.

Во текот на попладневните часови, љубопитните ќе можат одблиску да ги видат кралот и неговата сопруга на Бранденбуршката порта, во срцето на Берлин, каде што ќе бидат примени од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и неговата сопруга.

На тој споменик, кој е симбол на градот, но и симбол на неговата поделба во текот на три децении, првпат ќе биде пречекан висок гостин со воени почести.

Во текот на утрешниот ден предвидено е кралот да разговара со канцеларот Олаф Шолц, да прошета низ пазарот во друштво на градоначалникот, да одржи говор во германскиот парламент и да се сретне со украинските бегалци.

Подготвено од М.Н.

About Author