mesec na frankofon

03.03.2023 Скопје

По повод Месецот на франкофонијата, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија вечер во киното „Милениум“ организраат гала филмска вечер со проекција на филмот „Со полно работно време“.

Настанот ќе го отворат францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Вероник Хулман.

Филмот „Со полно работно време“ е дело на режисерот Ерик Гравел, а во главните улоги играат Лора Калами и Ан Суарез. Добитник е на две награди на Филмскиот фестивал во Венеција – за најдобар режисер и за најдобра актерка, како и на две награди Цезар 2023 – за најдобра монтажа и за најдобра музика.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author