24.03.2023 Скопје
Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Малта со 2:1 на арената „Тодор Проески“ и со успех тргна во новите квалификации за пласман на ЕВРО 2024.
Елиф Елмас во 66 минута донесе водство откако упати силен удар од 15 метри, по асистенцијата на Бојан Миовски со глава. Дарко Чурлинов шест минути имаше успешен соло пробив по десната страна, упати удар со левата нога во поблискиот агол и зголеми на 2:0.
Јаник Јанкам во 86 минута постигна погодок за 2:1, но тоа беше и конечен резултат.
Енис Барди во 90 минута ја погоди стативата од слободен удар, а во судиското продолжение селекторот Благоја Милевски доби црвен картон.
Подготвено од М.Н.