https://www.facebook.com/photo/?fbid=786166306198026&set=pb.100044139924327.-2207520000.

30.03.2023 Скопје

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, соопшти дека денеска во Скопје е формирана Западнобалканската четворка.

„Во фокусот е целосната усогласеност на Република Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ во светло на новата гео-политичка реалност, хибридните закани, енергетската криза и економските последици предизвикани од руската инвазија на Украина. Секоја од овие земји поединечно, се покажа како доверлив партнер на НАТО и ЕУ. Заедничка стратешка цел на сите земји кои успеале да достигнат потполна хармонизација со одлуките на ЕУ е целосна интеграција во Унијата“, соопшти министерот Османи.

Османи истакна дека платформата на Западнобалканската четворка е во согласност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но и со демократските вредности и принципи.

Подготвено од М.Н.

About Author