https://www.facebook.com/photo.php?fbid=571327535032380&set=pb.100064654150489.-2207520000.&type=3

23.03.2023 Скопје

Поради климатските промени и прекумерна употреба на водата, светот се соочува со предизвиците за недостаток на вода и суши, како и поплави, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен.

„Ако не дејствуваме сега, речиси половина од светската популација ќе претрпи акутен стрес на вода до 2030“, истакна фон Дер Лајен.

„На Конференцијата за вода 2023 ги здруживме силите со меѓународната заедница и собравме Акциска агенда за вода за зајакнување на конкретните активности за обезбедување достапност и одржливо управување со водата“, додаде претседателката на ЕК.

„Европа е спремна да воведе нови обврски, меѓу кои ќе бидат: зголемување на пристапот до вода и канализација за 70 милиони луѓе ширум светот, подобрување на прекуграничната соработка со вода преку Global Gateway инвестиции, обезбедување безбедна вода за пиење во ЕУ и зајакнување на пристапот до јавна вода од чешма, намалување на употребата на вода во ЕУ и притискање за нови начини за повторно користење на истата и подобрување на управувањето со ризикот и одговорот на поплавите, сушите и зголемувањето на нивото на водата“, прецизираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен.

Подготвено од М.Н.

About Author