folksvagen kola

14.03.2023 Скопје

Денеска Фолксваген објави дека планира да изгради голема фабрика за батерии за електрични возила во Канада.

Европскиот производител на автомобили објави дека групацијата Фолксваген и нејзината компанија за батерии PowerCo ќе ја основаат својата прва гигафабрика во странство за производство на батериски ќелии во Сент Томас, во југозападниот дел на Онтарио.

Почетокот на производството е планиран за 2027 година, а минатата година компанијата потпиша договор со канадската влада со цел да се идентификуваат соодветни локации за ваков објект во Канада.

Дополнително, ќе бидат истражени начини на кои Канада може да придонесе за синџирите за снабдување со батерии на Фолксваген, вклучувајќи суровини и монтажа.

По тој повод, провинцијата Онтарио минатиот месец почна да спроведува подготвителни активности со најава на закон, кој брзо ќе биде усвоен, со цел што поефикасно да се подготви теренот за „мегалокација“ од 1.500 хектари во југозападниот дел на Онтарио. , известува b92.

Покраинскиот министер за економски развој Вик Федели рече дека дел од локацијата треба да биде распоредена на две општини, но ќе биде вградена во една, со цел да се отстранат бирократските проблеми во работата со две општини.

Канада имаше најмалку 10 големи зделки за електрични возила во вкупна вредност од повеќе од 12 милијарди американски долари во последните две години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author