31.03.2023 Скопје
Финската премиерка Сана Марин, социјалдемократка која дојде на власт во декември 2019 година, ќе се соочи со тешка изборна битка во недела. Двете партии се силни противници и анкетите на јавното мислење покажуваат дека изборите на 2 април ќе бидат тесни, пишуваат тамошните медиуми.
Националната коалициона партија на Петри Орп (НЦП), моментално води на анкетите со поддршка од повеќе од 20 отсто од гласачите, а не многу зад неа е популистичката десничарска Партија на Финците (ПС) на Рике Пура, која е речиси рамноправна со социјалдемократите предводени од Сана Марин.
Овие избори се одржуваат среде невиден меѓународен фокус на влезот на Финска во НАТО. Земјата има копнена граница со Русија долга 1.300 километри.
Социјалдемократите на Марин го започнаа процесот за влез во НАТО, но тоа не значи дека ќе заврши. Напуштањето на воената неутралност беше монументален пресврт по руската инвазија на Украина, но сега 80 отсто од Финците го поддржуваат влезот во НАТО.
Марин на 34 години стана најмладата премиерка во светот кога нејзиниот претходник од редовите на социјалдемократите поднесе оставка. Нејзиниот мандат беше обележан прво со пандемијата на ковид, а потоа и со руската инвазија.
Подготвено од М.Н.