fifa

14.03.2023 Скопје

Британскиот Атлетик пренесува дека на Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе учествуваат 48 репрезентации, кои ќе бидат поделени во четири групи со по 12 селекции.

Британските медиуми потсетуваат дека на Светското првенство во 2026 година што ќе се одржи во Мексико, Канада и САД ќе учествуваат 48 репрезентации.

„Меѓународната фудбалска федерација (пребарување ФИФА) го одреди форматот на натпреварувањето на следното Светско првенство 2026. Во првото коло ќе играат 48 селекции кои ќе бидат поделени во 12 групи со по четири селекции. Двете најдобри селекции од секоја група ќе оди во следната фаза на Мундијалот и осум најдобри третопласирани репрезентации.Тоа значи дека на следното Светско првенство ќе се одиграат 104 натпревари наместо досегашните 64“, соопшти Атлетик.

Британските медиуми истакнуваат дека е напуштена идејата 48-те репрезентации да се поделат во 16 групи со три селекции.

„На Мундијалот ќе учествуваат уште 16 репрезентации. Од тие 16 репрезентации, три места на Светското првенство треба да добијат азиските репрезентации, четири африкански, две северноамерикански, две јужноамерикански, три европски и едно тимот од Океанија. Последниот учесник на Светското првенство ќе биде познат по интерконтиненталните бараж натпревари“, заклучува Атлетик.

Европските квалификации за СП 2026 ќе започнат во март 2025 година и ќе траат една година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author