23.03.2023 Скопје
Хакерските напади сè уште им носат сериозни профити на напаѓачите, а мети обично се оние за кои однапред се знае дека имаат доволно пари. Ферари неодамна објави соопштение дека хакери упаднале во ИТ системите на компанијата и бараат пари за враќање на податоците.
Напаѓачите бараат одредена сума, а доколку не им платат се закануваат дека ќе објават се што украле.
Сè уште не е јасно дали станува збор за вистински напад со откуп или само обид за изнуда, но во соопштението се вели дека хакерите тврдат дека имаат чувствителни податоци за некои клиенти. Штом пристигнало барањето за исплата на откуп, италијанскиот производител на луксузни автомобили започна истрага во соработка со доверлива компанија за проценка на безбедноста.
Протечените податоци вклучуваат имиња, адреси, адреси на е-пошта и телефонски броеви, а се уште се истражува дали банкарските сметки биле компромитирани и дали напаѓачите добиле и информации за кредитни картички. Кога таквите големи компании не се безбедни, тоа значи само едно, никој не е безбеден.
Подготвено од А.Ѓ.