31.03.2023 Скопје
Руската безбедносна служба (ФСБ) вчера соопштија дека е уапсен дописник на американскиот весник „Вол Стрит Журнал“ под сомнение за шпионажа во корист на Вашингтон.
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, по таа објава пд руската безбедносна служба на Твитер напиша дека Европската унија го осудува затворањето на американскиот новинар Еван Гершкович во Русија под обвинение за шпионажа.
„Новинарите треба да можат слободно да ја вршат својата професија и заслужуваат да бидат заштитени. Руските власти уште еднаш го покажуваат своето систематско непочитување на слободата на медиумите“, напиша шефот на европската дипломатија Борел.
Подготвено од М.Н.