https://www.facebook.com/photo?fbid=593135679518232&set=a.291073963057740

21.03.2023 Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен, заедно со Меѓународната заедница спроведоа заедничка донаторска конференција за помош на настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.

„Кога ќе се случи трагедија, ние сме должни да одговориме солидарно. Тоа е она што го направивме заедно со меѓународната заедница на Донаторската конференција“, соопшти фон Дер Лајен.

„Меѓународната заедница се собра и вети 7 милијарди евра за помош на луѓето погодени од разорните земјотреси. ЕУ и нејзините земји придонесоа за овој извонреден резултат со 3,3 милијарди евра“, истакна претседателката на Европската комисија.

„Луѓето во Турција и Сирија не се сами. Се грижиме и тука сме да помогнеме, ќе продолжиме да работиме заедно за поддршка на погодените од земјотресите“, додаде фон Дер Лајен.

Подготвено од М.Н.

About Author