22.03.2023 Скопје
Европската комисија денеска предложи нови мерки за борба против еко-манипулацијата, односно лажните информации што компаниите ги шират за себе за да се претстават како еколошки одговорни компании кои се грижат за животната средина.
На овој начин, ЕК сака да воведе јасни заеднички критериуми за тоа што е еколошки однесување.
Како што се наведува, компаниите ќе треба научно да ги докажат своите тврдења дека нивните производи се спакувани во амбалажа направена од материјали што може да се рециклираат најмалку 30 проценти, а земјите од ЕУ ќе бидат одговорни за проверките, кои ќе ги вршат независни тела.
Новите правила ќе важат и за производителите од трети земји кои ги пласираат своите стоки и услуги на пазарот на ЕУ.
ЕК смета дека еко-манипулацијата е голем проблем, бидејќи 53 отсто од сите производи или услуги кои тврдат дека се одговорни за животната средина ги базираат своите тврдења на „нејасни, погрешни или неосновани“ информации.
Во самата ЕУ се користат околу 230 различни ознаки за производи и услуги кои се наводно еколошки, а многу од нив не се транспарентни.
Подготвено од А.Ѓ.