https://www.facebook.com/photo/?fbid=935801214409358&set=pcb.935802871075859

17.03.2023 Скопје

Главна тема на разговор меѓу министерката Славјанка Петровска и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, кој е во посета на Скопје, била одбранбената соработка помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.

Министерството за одбрана соопшти дека министерката Петровска му се заблагодарила на високиот ЕУ претставник за поддршката од Европскиот мировен фонд за модернизација и зајакнување на капацитетите на Армијата, тежок 9 милиони евра.

Министерката Петровска истакна дека средствата кои Европскиот мировен фонд ги издвои за унапредување на опремата на Армијата на Република Северна Македонија ќе ги зацврстат капацитетите на Армијата, особено на лесната пешадиска баталјонска група.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Борел ја поздрави македонската поддршка за Украина, како држава која ја брани сопствената територија и порача дека Унијата е посветена на развојот на одбранбената соработка со земјава.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека Борел се радува што имал можност да поразговара со жените и мажите припадници на Армијата, кои служеле во мисии предводени од ЕУ, а воедно им честитал и им се заблагодарил, а се надева и дека ќе продолжат со нивното учество во мисиите.

Подготвено од Д.Ц.

About Author