21.03.2023 Скопје
Министрите за надворешни работи на Европската унија се договорија за план вреден две милијарди евра за напад на сопствениот арсенал и заедничко купување на неопходните артилериски гранати за Украина.
На состанокот во Брисел, министрите на ЕУ ја поддржаа иницијативата насочена кон обезбедување на Украина со еден милион гранати во следните 12 месеци, како и надополнување на резервите на ЕУ.
Украина ѝ кажа на ЕУ дека и се потребни 350.000 гранати месечно за да им помогне на своите војници да го спречат нападот на Москва и да им овозможат да започнат нови контраофанзиви подоцна во текот на годината.
„Што поскоро повеќе артилериска муниција за Украина“, повика украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во објава на социјалните мрежи.
Подготвено од А.Ѓ.