28.03.2023 Скопје
Постапното укинување на продажбата на возила што загадуваат доби конечно одобрение да стане закон во ЕУ. Опозицијата од Германија го одложи законодавството со недели.
Конечното одобрение беше дадено денес за законот со кој ќе се стави крај на продажбата на возила што работат на горива што емитуваат CO2 до 2035 година, објави шведскиот министер за енергетика Еба Буш.
Министрите за енергетика од 27-те земји-членки дадоа зелено светло за оспорениот закон кој беше одложен со недели од германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг.
Во саботата беше договорен компромис меѓу Брисел и Берлин кој ќе овозможи продажба на автомобили и комбиња кои работат на таканаречените климатски неутрални е-горива.
Подготвено од А.Ѓ.