https://www.facebook.com/photo?fbid=697483165298166&set=pcb.697483461964803

20.03.2023 Скопје

Денеска специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека договорот постигнат во Охрид пред два дена е чекор кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и дека е правно обврзувачки, иако не е потпишан.

Според Ескобар, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, јасно стави до знаење дека страните се обврзале и дека спроведувањето на договорот ќе влијае на европскиот пат на двете страни.

„Договорот е пат кон помирување на Србија и Косово. Важно е да разјасниме како ќе постапат двете страни. Имплементацијата мора да почне веднаш и двете страни ќе имаат корист од тоа. Сметам дека најважни се евроатлантските интеграции. Ќе направиме напредок само ако договорот почне да се применува што е можно поскоро“, додаде Ескобар.

Специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, исто така, истакна дека за двете страни е важно да се спроведе се што остана од Бриселскиот договор и тоа се очекува од двете страни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author