11.03.2023 Скопје
Во соопштението на државната Агенција за управување со катастрофи се наведува дека вулканот Мерапи во Индонезија денеска стана активен и испрати колона врел чад од приближно седум километри во атмосферата.
Локалните власти соопштија дека вулканот лоциран во индонезискиот регион Јоѓакарта еруптираше околу 12 часот по локално време (05:00 часот по Гринич) и исфрли поток од лава долг околу 1,5 километар.
Жителите на блиската заедница беа предупредени да ги прекинат сите активности во опасните зони и да се движат во радиус од три до седум километри од кратерот, се наведува во соопштението.
Вулканот Мерапи е висок 2.963 метри и е еден од најактивните во Индонезија, но локален претставник потврди дека жителите не се евакуирани.
Подготвено од А.Ѓ.