29.03.2023 Скопје
Вулканот Анак Кракатаа во западна Индонезија исфрли огромни облаци од вулканска пепел до височина од околу 2.500 метри. Забележани се четири ерупции, соопштија официјални лица, а втората по големина исфрли облак од пепел и чад на 1.500 метри над кратерот.
Анак Кракатаа, кој се наоѓа на висината на теснецот што ги дели островите Јава и Суматра, е спорадично активен откако излезе од морето во почетокот на 20 век во калдерата формирана по смртоносната ерупција на Кракатаа во 1883 година, за која се проценува тоа ги чинело животите на околу 35.000 луѓе.
Во 2018 година, кратерот Анак Кракатаа делумно се урна кога насилна ерупција испрати големи вулкански камења во океанот, предизвикувајќи смртоносно цунами, каде животот го загубија повеќе од 400 луѓе, а стотици беа повредени.
Индонезија е на Пацифичкиот огнен прстен, каде што конвергенцијата на континенталните плочи предизвикува зголемена сеизмичка и вулканска активност. Земјата има речиси 130 активни вулкани.
Подготвено од М.Н.