https://www.facebook.com/photo.php?fbid=720990509396005&set=pb.100044551864456.-2207520000.&type=3

30.03.2023 Скопје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека постои можност рускиот претседател да ја посети Турција на 27 април и дека Западот нема да ја вовлече неговата земја во војна против Русија додека тој е на власт.

Како што истакна, рускиот претседател ќе учествува на церемонијата на полнење гориво на нуклеарната централа „Акуја“.

„Проектот за изградба на нуклеарната централа „Акују“ успешно се спроведува. Постои можност рускиот претседател да дојде во Турција на церемонијата на 27 март. Можеби заедно ќе учествуваме во неа во онлајн формат“, објасни турскиот лидер.

Тој посочи дека Турција нема да дозволи Западот да го вовлече во војна против Русија.

„Да не беа нашите напори во изминатите две години, „западниот клуб“ ќе ја вовлечеше Турција во војна против Русија. Додека сме тука, тоа нема да го дозволиме“, нагласи турскиот претседател.

„Нашата намера е да вложиме сериозни напори и да играме улога на посредник меѓу Руската Федерација и Украина, за тие на крајот да имаат успех“, рече Ердоган.

Претседателските и парламентарните избори во Турција се закажани за 14 мај.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author