rabota vo germanija

22.03.2023 Скопје

Германските економски експерти велат дека економската прогноза е подобрена, но само малку. Ситуацијата и понатаму е затегната, при што инфлацијата сè уште го зема својот данок врз предвидувањата за растот.

Краткорочните изгледи за најголемата европска економија се подобрија во последните месеци, се вели во извештајот на германскиот совет на економски експерти, но само во ограничен степен.

Панелот рече дека секој подем изгледа ќе биде ограничен од неконтролираната инфлација, построгите услови за финансирање и слабата странска побарувачка.

Краткорочните изгледи за германската економија малку се разубавија поради првично стабилизираната ситуација во снабдувањето со енергија и пониските цени на големо, се вели во извештајот.

Советот предвиде раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 0,2% во 2023 година, во споредба со неговото претходно предвидување дека ќе се намали – исто така за 0,2%. Петте експерти кои го составија извештајот рекоа дека очекуваат раст од 1,3% во 2024 година.

Сепак, велат тие, континуираниот нагорен пат на инфлацијата предизвикува губење на куповната моќ и ја намалува побарувачката на потрошувачите.

Во меѓувреме, зголемувањето на каматните стапки ги влоши условите за финансирање и доведе до пад на инвестициите.

Иако инфлацијата најверојатно ќе падне во текот на годината, рече панелот, таа ќе остане значително повисока – во просек од 6,6% во 2023 година.

Експертите рекоа дека очекуваат инфлација од околу 3% следната година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author