lugje vo francija

10.03.2023 Скопје

Според истражувањето објавено во време на дебата за зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција од 62 на 64 години, една четвртина од испитаниците Французи изјавиле дека не се чувствуваат способни за работа до пензионирањето.

Една четвртина од Французите би претставувале речиси девет милиони граѓани, или 37 отсто од вработените, според студијата спроведена меѓу 40.000 луѓе.

Чувството на „неодржлива работа“ е многу посилно кај оние под 30 години (59 проценти) отколку кај оние над 50 години (18 проценти), кои често оставаат потешки работни места како што се приближува пензионирањето. Ова чувство е многу изразено кај жените со мали деца (57 проценти).

Најголемо чувство на неодржливост доживуваат физичките работници, потоа вработените во контакт со јавноста (во банки, ресторани, хотели) како и медицинскиот персонал. Дури 66 отсто од касиери изјавиле дека нема да издржат до пензионирање.

58 проценти од вработените кои се изложени на психосоцијални напори (интензивна работа, емоционални барања, социо-економска несигурност) и 46 проценти од оние кои се изложени на физички тешкотии (бучава, топлина, влажност, работа во стоечка положба, носење тежок товар) се чувствуваат неодржливи.

Овие вработени имаат понестабилни кариери од другите и се пензионираат порано или имаат паузи во кариерата, особено од здравствени причини.

Горниот дом на Парламентот, Сенатот, во кој мнозинството го сочинува десничарската опозиција, во четвртокот одобри смена од 62 на 64 години за пензионирање, а тоа е клучна одредба од најавената реформа на пензискиот систем што претседателот Емануел Макрон сака да го спроведе и покрај насилните протести.на јавноста за време на неговиот втор мандат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author