dzoni dep

27.03.2023 Скопје

Познатиот актер Џони Деп го напушти Холивуд по драмата со неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Решил да се пресели во земја која, според сите проценки, во се му одговара.

Имено, тој сега живее во Сомерсет, Англија, која е претежно рурална област.

„Вистина е дека по природа сум срамежлив. Една од прекрасните работи во Англија, а особено во Сомерсет, е тоа што овде можам да бидам јас“, изјави тој претходно.

Сакаше да се повлече од очите на јавноста и да живее што поедноставно. Населбата каде што сега живее е помирна и фотографите не му пречат.

„Британците се прекрасни. Ќе ти кажат здраво и никогаш нема да ја преминат границата на учтивост. Не ми пречи ако некој сака да разговара со мнпа или да ме праша за автограм, но не и кога поминувам време со мојот семејство“, рекол Деп.

Како што веќе беше познато, Деп ја тужеше Амбер за клевета, а излезе како победник.

„Поротата ми го врати животот. Вистината никогаш не умира“, рече тој по завршувањето на судењето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author