https://www.flickr.com/photos/161807692@N02/43414353402/in/photolist-299nUJw-brEJJ7-nEX6ik-pWbyej-ZL3ZBm-9RbuqZ-9Rbusg-TxoJwu-zM1sKn-pp6ENL-92o7Pa-2nHtoqw-QVhZbj-2fjxStR-2ndHVo2-2nhxdaB-zU6tdF-2nd1Erk-2jwRXnd-EWgZbM-eFLfA5-2hLRY7Y-2nqNgzf-2nppvQ3-2nppjr9-21yEbVN-2ndgSrW-2nqH46i-2ncYLJS-2fjxTsV-2db6MK9-mkxihc-2njdAu5-2n1gcUy-2n1eXt5-AKQLvG-2dVExy2-Suoimm-2ncYwYi-2ik59ub-Suoibw-2fjxTor-2gctevG-SLJXUv-SuoidW-2n9n6vy-2nmH4Fa-akFp8K-sNWJ23-t4c9t3

31.03.2023 Скопје

ЕУ треба силно да ја брани својата стратешка независност, за да можат односите меѓу Брисел и Пекинг да се развиваат на здрав начин, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.

„За односите меѓу Кина и ЕУ да се развиваат на здрав начин, неопходно е ЕУ силно да ја брани својата стратешка независност“, рече Си за време на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез.

Си посочи дека и Кина и ЕУ го поддржуваат мултилатерализмот, целите и принципите на Повелбата на ОН и мирното решавање на меѓународните спорови, објави кинеската централна телевизија.

Според него, двете страни треба да бидат партнери на патот кон модернизација и добри пријатели во заедничкото изнаоѓање решенија за глобалните проблеми.

Си истакна дека Кина е подготвена да го поддржи мултилатералниот дијалог и соработка со ЕУ врз основа на независност, меѓусебно почитување и профит.

Кинескиот лидер додаде дека се надева оти Шпанија ќе одигра активна улога во олеснувањето на дијалогот и соработката меѓу Кина и ЕУ.

Санчез вчера пристигна во дводневна посета на Кина, на покана на Си. Двајцата лидери денеска се очекува да разговараат за развојот на билатералните односи меѓу Шпанија и Кина, како и за конфликтите во Украина и изгледите за нивно мирно решавање.

Посетата на Санчез на Пекинг следеше непосредно по 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Шпанија и Кина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author