23.03.2023 Скопје
Челичната компанија „Outokumpu“ и енергетската компанија „Fortum“ почнуваат да ја истражуваат можноста за изградба на мала нуклеарна централа во Финска, објави радиодифузерот „Yle“.
Во извештајот компаниите ќе ги оценуваат моделите на соработка, техничката и финансиската состојба на малата нуклеарна централа и нејзината регулативата.
Извршниот директор на Outokumpu, Хеики Малинен, истакна дека двете компании имаат за цел да најдат одговор на овие прашања во рок од неколку години.
Подготвено од М.Н.