https://www.facebook.com/photo?fbid=104777394336183&set=a.104777417669514

24.03.2023 Скопје

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) само во месец март изврши над 650 инспекциски надзори на целата територија на државата при што наплати и издаде повеќе од 175 прекршочни платни налози со вредност над 6 230 000 денари.

Според ДПИ, во горенаведениот период се извршени над 530 инспекциски надзори и контроли по одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки.

Во некои економски субјекти се констатирани прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 1 750 000 денари.

ДПИ соопшти дека како институција ќе ги ангажира сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи.

Подготвено од М.Н.

About Author