uchilna

28.03.2023 Скопје

Утрово неколку училишта во Сараево добија дојава за поставена бомба, поради што сите ученици биле евакуирани. Исто така, во моментов има 102 пријави за експлозивни направи во училишта во Бугарија, поточно во регионите Плевен, Сливен, Варна, Бургас и Софија, а мејловите се речиси идентични.

Бугарскиот главен секретар на Министерството за внатрешни работи, Петар Тодоров, истакна дека нема реална опасност, објаснувајќи дека вработени од Генералната дирекција „Борба против организиран криминал“ со две партнерски служби работат на насоки за приведување лице инволвирано во заканите кое е надвор од територијата на Бугарија.

Тодоров, исто така, додаде дека во рок од два дена работна група ќе изработи процедура што строго ќе го регулира постапувањето во вакви ситуации, потенцирајќи дека во ниту еден случај нема закана за изборите во недела.

Босанските медиуми информираат дека пријавите за присуство на бомби во регионот се чести, а по полициската проверка, за нив речиси секогаш се утврдува дека се лажни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author