https://www.flickr.com/photos/136668338@N03/35135629475/in/photolist-VwPhx6-ULb69w-ahXZLE-5niokt-5nnDsE-2kYp3RJ-2kYitbD-2kYit9e-pGSEt7-2n8aX3z-2kYp3Ue-2kYit1y-2kYeXFJ-6eZPNx-6eZPQg-bZMmQC-bZMn1h-xZzgxw-bSbh6c-bSbh5g-bSbh5r-bZMmH5-8zsGuH-2m1r8kN-9pybT6-2m1pF1e-2m1kENf-2m1pF2g-2m1pF4L-2m1kEQz-2m1h2AS-2m1kEV9-2m1r8Va-2m1r8Wn-2m1kEYa-5nnE2N-8J2gfF-2m1h2E9-2m1r8Ym-2m1r93j-2m1h2Go-bSPrnT-9pybyB-bSPrkD-bSPre8-9pBduQ-8CGnTh-8ByCKA-fkJCXG-bSDj8F

24.03.2023 Скопје

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека во Република Српска ќе се донесе закон со кој на припадниците на ЛГБТ заедницата ќе им се забрани влез во образовните институции.

„Значи, во градинките, училиштата, факултетите нема да можат да работат, нема да можат да пристапат, нема да можат да вршат пропаганда“, изјави синоќа Додик.

Тој рече дека тоа е „институционална одговорност на властите во РС, кои на овој начин сакаат да ги зачуваат, како што рече, традиционалните и семејните вредности“ на луѓето во Српска.

Причина за ова е неодамнешниот напад на хулигани врз активисти на ЛГБТ заедницата и новинари во Бања Лука, за што „Бх. паради на гордоста“ ги обвинија Додик и градоначалникот на Бањалука, Драшко Станивуковиќ, дека со своите ставови и изјави го предизвикале нападот.

Нападнатите членови на ЛГБТ заедницата и новинарите биле принудени да ги напуштат Бањалука и Република Српска бидејќи полицијата не можела да им гарантира безбедност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author