protesti vo francija devetti den

23.03.2023 Скопје

Низ Франција денеска се одржува деветтиот ден од протестите на синдикатите против пензиските реформи. Властите очекуваат меѓу 600.000 и 800.000 луѓе во 320-те планирани мобилизации.

Синдикатите најавија денеска собир на огромна маса луѓе против, како што ја опишаа, „рамнодушноста и лагите на Макрон“.

Во Париз, протестот ќе започне во 14:00 часот од местото де ла Бастилја во правец на театарот Опера.

Денешниот штрајк ќе предизвика сериозно нарушување на железничкиот сообраќај, а погодени се и аеродромите, како и училиштата, бидејќи повеќето наставници нема да работат. Продолжуваат и постојаните штрајкови во магацините за нафта. Исто така, комуналиите се уште не го одземаат ѓубрето. Во Париз и во други градови се одржаа демонстрации во последните седум ноќи, со повеќе судири со полицијата, а демонстрантите запалија корпи за отпадоци.

Против законот со кој се продолжува старосната граница за пензионирање на 64 години, тие започнаа бран масовни протести низ Франција организирани од синдикатите од јануари.

Денешните протести продолжуваат по телевизиското интервју кое претседателот Емануел Макрон го даде на телевизиските канали „ТФ1“ и „Франс 2“, а го следеа над 10 милиони гледачи.

Претседателот на Франција во своето излагање ја потврди намерата да продолжи со реформскиот проект со цел конечно одобрување до крајот на годината. Овој предлог откако помина низ Парламентот, благодарение на жалбата на членот 49.3 од Уставот, кој овозможи да се избегне гласањето, сега мора да добие зелено светло од Уставниот совет.

Со ова излагање на претседтелот Макрон, голем број на аналитичари сметаат дека граѓаните на Франција сега уште по масовно ќе излезат на протести, а со тоа ќе дојде и до голем број конфликти и жртви на веќе организираните протести од страна на населението во Франција.

Подготвено од М.Н.

About Author