23.03.2023 Скопје
Со натпреварот меѓу Казахстан и Словенија денес почнуваат квалификациите за пласман на 17 Европско фудбалско првенство кое од 14 јуни до 14 јули идната година ќе се одржи во Германија.
Денешната програма вклучува уште седум натпревари, вклучувајќи ги дуелот на македонската репрезентација против Малта во Скопје од 20:45 часот, како и дербито во истата група Ц меѓу Италија и Англија.
Во квалификациите за ЕУРО 2024 учествуваат 53 репрезентации поделени во десет групи.
На завршниот турнир ќе настапат 24 репрезентации, а Германија, како домаќин веќе обезбеди настап на ЕУРО 2024.
Подготвено од М.Н.