31.03.2023 Скопје
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска со воена свеченост ќе биде одбележан денот на Првата пешадиска бригада.
Денот на единицата ќе се одбележи со прогласување на најдобрата единица од составот на бригадата, доделување стимулативни мерки и награди, свечено дефиле на единиците и тактичко технички збор на вооружувањето и опремата со кои располага бригадата.
Во рамки на прославата е предвидено обраќање од командантот на командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на 1 пбр бригаден генерал Сашко Лафчиски.
На свеченоста ќе присуствуваат, заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во министерството за одбрана, Владимир Анчев, и посебниот советник за безбедност од кабинетот на Претседателот, Блерим Кољали.
Исто така ќе присуствуваат и генерали од Армијата, поранешни команданти на единицата, воени раководители од генералштабот и министерството за одбрана и претставници на локалната самоуправа и организациите со кои соработува единицата.
Подготвено од М.Н.