25.03.2023 Скопје
Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата Земја.
Со гаснење на светилките во траење од еден час денеска ширум светот ќе биде одбележан Часот на планетата Земја.
Часот на планетата Земја е најголемата светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.
Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и Република Северна Македонија. Светилките на јавните институции ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време.
Подготвено од М.Н.