29.03.2023 Скопје
Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права, изјави претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Република Северна Македонија (КСС), Благоја Ралповски, на прес-конференцијата одржана по повод финалната конференција посветена на улогата и влијанието на синдикатите во продолжената криза во социјалниот дијалог на сите нивоа.
Ралповски посочи дека синдикатот треба да игра значајна улога во периодот по ковид-кризата, кога светот се соочува со економска, енергетска и инфлаторна криза, и нагласи дека една од суштинските заложби на синдикатот во иднина треба да биде борбата за што повеќе колективни договори.
Професорот Лазар Јовевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, кој е раководител на Катедрата по трудово право и којшто бил вклучен во проектот како експерт, изрази задоволство што учествувал во анализата и стратегијата и идно стратешко позиционирање на синдикатот.
Конференцијата што се одржа во Скопје во организација на КСС е организирана во рамки на проект на Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ), финансиран од Европската Унија.
Подготвено од М.Н.