22.03.2023 Скопје
Американскиот економист Нуриел Рубини, наречен „Д-р Пропаст“, истакна дека американскиот банкарски систем е во опасна позиција, а ФЕД не може да победи што и да прави со каматните стапки.
„Д-р Пропаст“ ја предвиде рецесијата во 2008 година и е познат по своите прогнози за мрак и пропаст на Волстрит. Тој предупреди на проблеми кои произлегуваат од неодамнешниот колапс на Sillicon Valley Bank, што предизвика страв од банкарска криза.
Главниот економист истакна дека тоа е исклучително опасен момент, бидејќи сега има значителен стрес во некои делови на американскиот банкарски систем во време кога инфлацијата е сè уште превисока.
Според Рубини, тоа ги остава централните банкари во ситуација на загуба-загуба, бидејќи ФЕД е растргнат помеѓу борбата против инфлацијата, што го прави со зголемување на каматните стапки или намалување на финансиската нестабилност, што може да го направи со олеснување на стапките.
„Зголемувањето на стапките може да предизвика поголема нестабилност со потресување на банкарскиот систем, но намалувањето на стапките како одговор на превирањата може да предизвика инфлацијата повторно да излезе од контрола, што ќе доведе до стагфлациска криза“, предупреди Рубини, потенцирајќи дека во извесна смисла, централните банки сега се проколнати ако го сторат тоа, проколнати ако не го сторат тоа.
Таа дилема, во комбинација со зголемените нивоа на долг, ги прави САД врзани за рецесија, додаде тој. Познат како „пермабеар“ на Волстрит (некој кој секогаш е негативен за идната насока на пазарите и економијата воопшто, без разлика на се, н.з.), тој со месеци предупредуваше на пад и стагфлациска должничка криза, а претходно предвиде дека акциите би можеле да паднат за уште 30% бидејќи САД се борат со високата инфлација, слабиот раст и должничките
„Мислам дека што и да направат, ќе завршат во неволја. Затоа што во овој момент е предоцна да се најде решение што ќе спречи тешко слетување и ќе спречи сериозни финансиски стресови“, додаде тој.
Тоа го повторува ставот на другите аналитичари, кои велат дека се предвидува рецесија и поголема болка на берзата. Коосновачот на DataTrek, Николас Колас, изјави дека очекува пад во текот на следната година, а „Кралот на обврзниците“ Џеф Гундлач рече дека предвидува пад кој доаѓа во следните четири месеци, што укажува на проблематичен индикатор во кривата на принос на американското Министерство за финансии.
Подготвено од А.Ѓ.