01.03.2023 Скопје
Цените на нафтата денеска се во пораст по големиот пораст на производството во Кина, која е најголемиот светски увозник на овој енергетски производ.
Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море порасна за 45 центи или 0,5 отсто и сега изнесува 83,90 долари за барел.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е повисока за 42 центи или 0,6 отсто и изнесува 77,47 долари за барел.
Цените на нафтата продолжуваат да растат поради очекувањата дека побарувачката за енергетскиот производ ќе се зајакне во Кина, бидејќи најновите податоци покажуваат дека фабричката активност порасна во февруари за прв пат по седум месеци.
Подготвено од А.Ѓ.