13.03.2023 Скопје
Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат бидејќи колапсот на американската Силиконска долина банка, СВБ, предизвика стравувања од нова финансиска криза.
Во Лондон цената на суровата нафта од типот Брент од Северното Море е пониска за 1,44 долари или 1,7 отсто и сега изнесува 81,34 долари за барел.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 1,40 долари или 1,8 отсто, на 75,28 долари за барел.
Стравувањата од ширење на кризата по падот на СВБ доведоа до продажба на американските средства на крајот на неделата.
Подготвено од А.Ѓ.