08.03.2023 Скопје
Генералниот директор на Србијагас, Душан Бајатовиќ, на бизнис форумот Копаоник најави дека цените на бензинот годинава ќе поскапат барем еднаш, додавајќи дека поскапувањето ќе важи и за граѓаните и за бизнисите.
Бајатовиќ истакна дека зголемувањето на цената на гасот доаѓа поради тоа што Србијагас го продава гасот на домашниот пазар по значително пониска цена од цената по која го купува од добавувачите.
Потребата од зголемување на цените на енергенсите во Србија е потег што го поддржува и шефот на мисијата на ММФ во Србија, Доналд Мекгетиган.
Според него, цените на енергијата во Србија се ниски и на секторот му требаат реформи.
Според аранжманот што Србија го склучи со ММФ, вреден 2,4 милијарди евра, Србија мора да ги зголеми цените на струјата и гасот уште три пати оваа година, откако тоа го направи во јануари.
Според ММФ, поскапувањето на гасот треба да биде „најмалку“ 10%, додека она на струјата треба да се зголеми за најмалку 8%.
ММФ одобри и вкупно 800 милиони долари за потребите на Србијагас, што според Бајатовиќ не е доволно.
Подготвено од А.Ѓ.