https://www.flickr.com/photos/vladacg/52181379501/in/photolist-2nv7tK5-2nv8H2e-2nv7tLc-2nv6dBk-2nv7tLT-2nv6d9V-2igNqoj-2nv6fjg-2mGmwVd-2mGh8qS-2nv5Be4-q4cZhF-2nv875F-2nv6SKa-2mGiiRB-2hvSgWz-2nv873w-2mGmwXN-2nv1Tej-2mGiiQ9-2igJWBE-2mGcVt9-2nv8n6c-2hvSgVH-2hvPyww-ZtCo4f-2mJjutB-YhxvPY-2n2VW65-2n2UGVd-2hcZ94E-27cKNxN-2mGiPyc-2hdvEyZ-2cqSPzf-2mGdsvE-2mGdtQ8-2b7Cehe-2nv8A6Q-2nv7dCi-2nv7hfq-LBc4wU-2b7Cebx-V91YFB-2mGh8ts-2gH5DQJ-2j6RYi6-2cqSNgJ-NK4HgT-25YWeg9

29.03.2023 Скопје

Во Вршац при посетата на „Хемофарм“, српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека во државата нема недостиг од лекови, потенцирајќи дека властите се во постојана комуникација со Републичкиот фонд за здравствено осигурување и производителите на лекови во Србија, со цел да се осигураат дека нема недостиг од лекови.

„Го прашав директорот на Хемофарм дали имаат дополнителни суровини и тој ми рече дека нивните магацини се полни. Немаме никакви проблеми со лековите“, рече Брнабиќ.

Генералниот директор на компанијата „Хемофарм“, Роналд Зелингер, изјави дека недостигот на лекови се јавува поради недостигот на активни супстанции за лекови и дека е така во целиот свет.

Зелингер истакна дека „Хемофарм“ се труди да обезбеди континуирана испорака.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author