https://en.wikipedia.org/wiki/Leopard_2#/media/File:Leopard_2_A5_der_Bundeswehr.jpg

28.03.2023 Скопје

Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, соопшти дека британски тенкови „челинџер“ пристигнале во Украина.

Резников додаде дека во украинските единици веќе биле распоредени британски „челинџер“, американските „страјкер“ и „пума“ и германските „мардери“.

За да може да управуваат со британските тенкови, украинските војници веќе имаа обука во Обединетото Кралство. Нивната обука почна веднаш по објавувањето на испораката на овие тенкови од страна на Обединетото Кралство на почетокот на јануари.

Германија исто така соопшти дека и таа ја испратила првата пратка од тенковите „леопард 2“ за Украина.

Министерот за одбрана на Германија изјави дека станува збор за пратка од 18 борбени тенка за кои украинскиот воен персонал изминатиот период, исто така, беше обучуван.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *