https://www.facebook.com/photo.php?fbid=631718245176741&set=pb.100050157143955.-2207520000.&type=3

28.03.2023 Скопје

Британскиот премиер Риши Сунак постигна „привремен прекин на огнот“ со некои бунтовнички конзервативни пратеници откако ги прифати нивните повици да го разгледаат планот за справување со илегалната имиграција.

Сунак се согласи да разгледа построгите мерки за да го спречи Европскиот суд за човекови права да ги блокира депортациите во Руанда.

Оваа одлука на Сунак дојде откако повеќе од 60 конзервативни пратеници се заканија дека ќе гласаат против владата во Долниот дом во понеделникот вечерта.

Британскиот премиер има рок од три недели да изработи построги нови мерки за илегалната имиграција.

Тамошните медиуми објавија дека Сунак инсистирал да не прави измени во нацрт-законот бидејќи со тоа би ги прекршил обврските на Обединетото Кралство кон Европскиот суд за човекови права.

Подготвено од М.Н.

About Author