https://www.flickr.com/photos/fotomaec/42429747454/in/photolist-27DnxFU-28Esodu-25YRBwG-28EsnHw-27mXRbD-25YREnS-28JRLBB-28EsbZ7-LB6oE5-27mXQva-G6LLD-LB6cVu-4WnrbP-4WBAc9-51f1dK-4WKfeE-4WZs9W-4XyKRn-8YmMiY-2inmUUN-2eNsrFA-25YRwT3-4WxTzr-2fjhsEu-2mCgm4q-2eNsrU1-2jmUNEE-2n48RPG-2ntSSiT-2mR1hFi-2jL3NJi-6Y4GTF-71Hq39-714g8M-2m7qehx-2nSY1GV-7LLBze-6YumJG-ebeMzd-6ZKYA3-2nT1zPB-UipMsz-71zJNi-7Dhg1W-2nuYDwi-6ZJ1NM-UipMj8-71haKA-71zLEj-mu7fxS

20.03.2023 Скопје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во Брисел, истакна дека спроведувањето на европскиот пат за нормализација на односите меѓу Косово и Србија сега е одговорност на Белград и Приштина, а Европската унија внимателно ќе го следи.

„Кога станува збор за Косово и Србија, одржавме долг разговор кој заврши со договор кој ќе биде составен дел од европскиот пат за двете страни. Тоа ќе биде дел од преговарачкото поглавје – поглавје 35 во преговорите со Србија, и ќе биде вклучен во документот за нормализација и во барањата за Косово“, рече Борел.

Борел додаде дека сега е нивна обврска и внитамелно ќе се следи реализацијата.

„Двете страни се согласија и се обврзаа дека ќе го направат тоа, а сега внимателно да набљудуваме како ќе се одвива“, рече претставникот на ЕУ.

Да потсетиме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на самопрогласеното Косово, Албин Курти, во саботата во Охрид постигнаа договор за имплементација на анексот на договорот за патот кон нормализација на односи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author